Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Ватикан ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, неговата светост папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин.
На аудиенцијата како дел од државно – црковната делегација предводена од претседателот Иванов, ќе присуствува и министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој ќе гопридружува Иванов на средбата со кардиналот Паролин во Апостолската палата.
Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, Иванов вчера ја посети базиликата „Свети Климент“ во Рим каде што положи венец на гробот на св. Кирил.
Македонскиот претседател ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што на негова иницијата во знак на благодарност од името на целиот македонски народ во 2015 година беше поставена спомен-плоча на македонски јазик во чест на словенските просветители, браќата св. Кирил и Методиј. Иванов ја посети и базиликата „Сан Паоло“, каде што положи цвеќе на гробот на апостолот св. Павле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево