Ирански научник тврди дека измислил временска машина која овозможува увид во она што ќе се случи во следните осум години.
Западните медиуми го пренесуваат пишувањето на иранската агенција Фарс дека 27 годишниот Али Разеги патентирал „Арјајек машина за патување во времето“ во државниот центар за стратешки пројандоци. Уредот наводно можел во печатена форма да даде предвидување за иднината на личноста која ќе го допре. Неговиот изум работел на сложени логаритми кои „предвидуваат што ќе се случи во следните пет до осум години во иднина со 98 проценти точност“.
Разеги бил извршен директор на Центарот за стратешки пронајдоци и повеќекратен пронаоѓач кој патентирал 179 изуми.
– На овој проект работев последните десет години. Мојот изум може да се смести во куќиште од персонален компјутер и може да предвиди детали од животот на корисниците. Тој нема да ве одведе во иднината, туку иднината ќе ја донесе до вас, рекол Разеги.
Според него, благодарение на неговиот уред, владата на Иран може да предвиди исход од можен воен судир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.