Уште пред да биде официјално пуштен, декемвриски број на најавторитетното модно списание предизвика лавина од дискусии. Причината? Модното списание „Вог“ на насловната страница ја има полуголата Ванеса Паради.
Се разбира, проблемот овде не е во голотијата, туку во слабата фигура на пејачката, на која се гледаат испакнати коски.
Само неколку часа откако корицата на новиот број беше споделена на „Инстаграм“, профилот на магазинот е обвинет дека наметнува искривени критериуми за убавината, ги издига на пиедестал застрашувачки слабите женски тела.
Можеби во обид да го ублажат скандалот од „Вог“ пуштија уште една фотографија од фотосесијата и појаснуваат дека декемврискиот број ќе излезе со две корици.
Втората фотографија ја покажува карактеристичната насмевка на пејачката, со слаткото растојание помеѓу предните заби.

Од францускиот месечник исто така ветија дека новиот бројот ќе биде исклучително интересен, бидејќи Ванеса за прв пат ќе покаже дел од семејниот албум и згора на тоа ќе раскаже за највлијателните мажи во нејзиниот живот.
Пејачката многу ретко дава интервјуа, затоа за познавачите на нејзината кариера, ова издание ќе биде вистински настан.
Ве потсетуваме дека пред само три месеци, слабата фигура на Ванеса, повторно беше во центарот на вниманието на јавноста. Тогаш се појавија фотографии, на кои таа е топлес и се гледа нејзината исклучително слаба фигура со испакнати ребра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





