| четврток, 6 декември 2018 |

Можеби не знаете за Џенифер Лопез дека…

00044863

Можеби некои од овие работи за Џенифер Лопез, не сте ги знаеле.

1. Пред да стане голема ѕвезда Џеј Ло била дел од балетот, како што е настапот со групата „New Kids On The Block“. Таа самата вели дека нејзиното учество во нивните перформанси за време на Американските Музички Награди во 1991 година, е еден од највозбудливите настани во нејзиниот живот. А во почетокот на 90-тите Џенифер е дел и од танц групата на Џенет Џексон, но набрзо се повлекува за да ја започне кариерата на пејачка.

2. Зелениот фустан од „Версаче“, со кој беше на наградите Греми во 2000 година, е еден од најбараните на „Гугл“. Еден од сопствениците на „Гугл“, Ерик Шмит, изјави: „Зелениот фустан кој го носеше Џенифер Лопез, го привлече вниманието на целиот свет. До овој момент, тоа беше најбараната фотографија на „Гугл“.
80003023-1423153947

3. Уште во почетокот на импресивната кариера Џеј Ло влегува и во индустријата за парфеми. Првиот парфем кој го создава се нарекува „Glow by J Lo“ и една година потоа профитот од него веќе надминува 40 милиони долари. Од тој момент досега Џенифер Лопез создава уште 17 ароми, а бизнисот со парфеми оди повеќе од добро, со заработка од над 2 милијарди долари.
j_lo_glow_perfume_for_women_by_jennifer_lopez

4. Оваа година, во интервју за „Вечерното шоу на Џими Фелон“, убавицата откри дека нејзината мајка многу често се обложува во казино и дури еднаш добила џек пот.
– Еден ден ми се јави и звучеше невообичаено смирена. Потоа ми рече дека заработила 2 милиони долари од казино и почна да вика од радост. Вистинска лудило.

5. Всушност, меѓу Џенифер Лопез и Ким Кардашијан има некои сличности. И двете целосно се воздржуваат од алкохол. Џеј Ло дури вели дека според неа, тоа е тајната на нејзината беспрекорна подмладена кожа: „Мислам дека алкохолот ја уништува кожата. Се разбира, кога сум на јавен настан на кој се одржува здравица, си ставам алкохол, но отпивам сосема малку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top