| четврток, 6 декември 2018 |

Му ја украде жената на пријателот: Само седна крај мене без срам и така се почна!

Љубовниот триаголник на фудбалерот Маури Икарди, Ванда Нара и Макси Лопез е еден од најинтригантните триаголници во светот на спортот.

Двајцата фудбалери беа блиски пријатели додека сексипилната Ванда не го расипа тоа. од госпоѓа Лопаез стана госпоѓа Икарди, а колку многу се затегнати односите меѓу поранешните другари се виде на натпреварод меѓу Сампдорија и Интер на која Макси одби да се поздрави со Маури.

Интересен пресврт се случил кога се појавила автобиографијата на Икарди во која тој изнесува детали од запознавањето со Ванда (многумина очекуваа дека таква книга ќе објави оставениот Лопез).

Во книгата фудбалерот, меѓу останатото пишува:

-Еден ден пред да тргнам на турнеја во САД, добив порака од Ванда, што ме изненади, бидејќи вообичаено разговарав со Макси, а не со неа. Ме замоли дали ќе може да и купам нов ајпад во САД, бидејќи сеуште не беше достапен во Италија во тоа време. Но, тоа ме поттикна на размислување. Дали Ванда навистина сака таблет или само повод за контакт со мене?

Потоа додава:

-Кога се вратив во Милано прва работа што ја направив беше да и се јавам. Морав да и го дадам ајпадот, па се создаде одлична можност за средба. Се допишувавме и почнавме слободно да разговараме. Ми напиша: „Мауро, Макси и јас одиме на крстарење со Гонзал Бегреси и неговата жена. Зошто не дојдеш со нас?“

Возбудливиот дел доаѓа сега…

-Се разбира дека сакав да бидам со неа. Додека бев сам на другиот крај од бродот, лежев на креветот и слушав реге, Ванда се појави одеднаш о седна крај мене, без никаков срам. Точно во тој момент нејзиниот брак со Макси заврши.

Лопез остана сам, Икарди и Ванда се венчаа. На инстаграм објавуваат заеднички фотографии и снимки од кои некои се мошне сочни, како на пример снимката од јули на Ибица.

На нивните профили (најчесто на неговиот) има и обични љубовни фотографии на кои тие двајца се сами или со децата.

My Love ❤️ @wanda_icardi

A post shared by Mauro Icardi (@mauroicardi) on

И Лопез создаде свое семејство. пронајде нова љубов, која физички многу потсетува на Ванда.

 

Cumple amor. 🎂 😍 #MaxiLopez

A post shared by Maxi López (@maxilopez10) on

Има фатални жени, а има и жени кои се повеќе од тоа, како што е Ванда Нара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top