| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерка му ужива во луксуз, а тој поради секта, банкротираше!

xeni

Дејвид Лопез, татко на латино поп дивата, Џенифер Лопез, станал сајентолог пред 30 години, а овој култ го довел до банкрот, пишуваат американските таблоиди.

Имено, американските медиуми објавија приказна дека таткото на пејачката со години на сајентолошката црква и исплатувал високи своти на пари, што на крај го довело до просјачки стап. Иако е свесен дека се работи за обична измама, Дејвид се уште не е подготвен да се откаже од своите уверувања.

-Им дадов вистинско богатство бидејќи верував дека на тој начин ќе стекнам супер моќи. Бев љубопитен, но на крај се се сведе на чисто испирање мозок. Влегов во нивната стапица од која нема излез – раскажал таткото на Џенифер.

Тој заради лошата финансиска ситуација морал да се иссели од луксузната вила во Пасадена. Дејвид со втората сопруга сега живее во мало гратче во Калифорнија.

Тој не сака да коментира каков е ставот на неговата ќерка за неговата состојба, поради што се верува дека тие двајцата не се во добри односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top