Шпанскиот уставен суд ја поништи декларацијата за независност на Каталонија, пренесоа агенциите.
Денес врховните судии на Пиринејската држава, се изјаснија во корист на барањето на владата во Мадрид на чело со Мариано Рахој.
Шпанската влада се обрати кон судиите, кои решија дека одлуката на парламентот на автономната североисточна провинција од 27 октомври 2015 година е во спротивност со основниот закон на Шпанија.
Со денешниот декрет, резолуцијата за отцепување на Каталонија е прогласена за неважечка.
Премиерот на областа, Артур Мас и уште 2о лица, може да бидат изложени пред судска одговорност и да бидат уапсени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.