На вчерашниот тренинг на Динамо Загреб во пресрет на саботниот дерби дуел против Хајдук, ненадејно се појавила антидопинг-агенција која ги тестирала сите фудбалери.
По случајот со македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, Динамо Загреб сега е под сериозни надгледувања. По крајот на вчерашниот тренинг, неколку играчи на тимот беа повикани на тестирање.
Сето тоа е само продолжување на претходните активности на антидопинг-агенцијата. Во редовите на хрватскиот шампион, по случајот со Аријан Адеми, дури десеттина фудбалери мораа да направат тестови за контрола на допинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.