| четврток, 6 декември 2018 |

Реал мака мачи со повреди на одбранбените фудбалери

Десниот бек на Реал Мадрид и репрезентативец на Шпанија, Дани Карвахал ќе отсуствува од терените во следниот месец поради повреда на бутниот мускул. Тој во неделниот натпревар против Еибар во рамките од Примера дивизија се пожали на повреда, а по деталните лекарски прегледи по мечот е костатирана повреда на мускулот на левата нога по што ќе мора да мирува.
Шпанските медиуми објавија неверојатна информација, дека тоа е 16-та повреда на мускул на фудбалерите на Реал Мадрид во тековната сезона. Очигледно е дека тренерот Рафаел Бенитез не ги ротира најдобро фудбалерите и дека поради тоа многу често се случуваат вакви повреди. Ако се знае дека и Серхио Рамос треба да замине на операција на рамото, повреда која го мачи веќе подолг период, тогаш „кралската“ одбрана е навистина тенка во овој момент. Бенитез ги има на располагање Арбелоа, Пепе, Данило и Начо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top