| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ги укина визите за Русите

Македонија ги укина визите за руските државјани. Русите ќе можат слободно да патуваат во Македонија до 15 март 2014 година, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

За влез во државава ќе им бидат потребни само важечки пасош и пари потребни за престој во земјава.

Меѓу Русија и Македонија постои договор за олеснето патување на државјаните на двете земји од 2008 година. Според договорот, Русите и Македонците можат да патуваат со приватна или бизнис покана до 90 дена, а како туристи до 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top