Синоќа се одиграа три натпревари од лига-купот на Англија во кои настапија три премиерлигаши. Очекувано најмалку проблеми имаше Манчестер Сити кој со 4-1 славеше над Хул. Менаџерот на „граѓаните“ не експериментираше со составот и беше решен лесно да стигне до победата. Играчите ги предводеше капитенот Давид Силва, а во нападот беше Вилфред Бони. Токму Бони беше стрелец на водечкиот гол уште по само десет минути игра. Се до последните 10 минути од мечот мрежите на двата гола мируваа, кога нововлезениот Ихеаначо зголеми на 2-0 во 80.минута, по што следеа два брзи гола на Де Бруин, пред гостите да го ублажат поразот со погодокот на Робертсон во судиското продолжение.
Стоук рутински ја заврши задачата на домашниот меч со Шефилд венздеј, триумфирајќи со 2-0 со головите на Афелај и на Брдсли.
Со идентичен резултат триумфираше и Евертон, но на гостински терен против Мидлсброу, со двата гола во првото полувреме што беа дело на Делофеу и на Лукаку.
Последниот полуфиналист од англискиот лига-куп ќе биде познат по утрешниот меч меѓу Саутемптон и Ливерпул.
All Goals – Manchester City 4-1 Hull City – 01… by Bundes_Liga
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)