| четврток, 6 декември 2018 |

За тепање и прободување со нож казната е 10 меча без публика за Албарса од Чаир

Третолигашот ФК Албарса од Чаир, доби казна од 10 натпревари забрана за настап на свој терен и парична глоба од 1.000 евра, што ја изрече Фудбалската федерација на Македонија.

Казната е поради инцидентот на дуелот со Башкими, на кој навивачи на клубот од Чаир физички нападнаа и со нож избодеа фудбалери од кумановскиот тим.

Со одлуката на дисциплинскиот комесар на Третата лига – Север, ФК Албарса сега ќе мора своите натпревари да ги игра на оддалеченост од 50 километри. Од скопскиот клуб нагласуваат дека казната е голема, ако се погледнат некои други инциденти на нашите терени, и се очекува да поднесат жалба за намалување.
Незадоволни се и од таборот на  Башкими, но тие реагираат за, според нив, малата казна за ваков тежок инцидент.
Од таборот на клубот од Куманово бараат казната да биде поголема со оглед на тежината на инцидентот.
По 20 одиграни кола во Третата лига – Север, Башкими е на врвот со четири бода предност во однос на второпласираната Албарса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top