| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанската „Мотанте груп“ во јануари ќе гради фабрика во Бунарџик (видео)

DSC_5491Во јануари идната година ќе почне изградбата на фабриката на италијанската Мотанте груп во ТИРЗ Скопје 1 – Бунарџик, првична инвестиција во вредност од 10 милиони евра. Се очекува објектите да бидат готови до крајот на мај или јуни наредната година по што ќе почне монтажата на опремата и обуката на лицата што ќе бидат вработени.

DSC_5500Ова е потврдено со договорот  за реализација на инвестицијата  што денеска во Владата на Република Македонија го потпишаа Клаудија Нидро од Монтанте груп и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.


Фабриката ќе се гради во неколку фази на локацијата со површина од 49 илјади метри квадратни, а во првата фаза е предвидено да бидат вработени 100 луѓе кои ќе бидат оспособени за производство со висока технологија.

DSC_5524– Се одлучивме да ја комплетираме оваа инвестиција не толку поради државната помош, туку заради вниманието што им го дава Владата на сите фирми кои инвестираат тука за развој, рече претседателот на Монтанте груп, Антонио Монтанте по потпишувањето на договорот.

DSC_5459Антонио Монтанте кој претходно во Владата имаше средба со премиерот Никола Груевски, нагласи дека една од причините што инвестирале во Македонија е што ќе бидат поддржани во процесот на истражување.

– Бевме на чекор  во правење на инвестиција во една друга држава,  но благодарение на Дирекцијата на ТИРЗ и атрактивноста што ни ја понудија тука, се решивме да дојдеме во Македонија. Изградбата на фабриката во Македонија не претставува едноставна инвестиција за државата, туку позитивен импакт на ноу-хау. Се работи за производство со висока технологија и затоа ќе обрнеме големо внимание на обуката на луѓето кои ќе бидат вработени, нагласи Монтанте.

Тој посочи дека инвестицијата веќе беше најавена пред неколку месеци и се заблагодари за поддршката од Владата и Дирекцијата за ТИРЗ. Најави дека ќе се потруди да донесе и нови инвеститори во Македонија.

DSC_5532Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо во првата фаза се предвидува да бидат инветирани 10 милиони евра и во компанијата да се вработат 100 луѓе, а во наредните фази нивниот број да се зголеми на 350 до 400.

– Компанијата ќе произведува софистициран производ од најновата и најнапредната технологија  и се очекува извозот веќе во првата фаза да надминува 30 милиони евра годишно, рече Мизо.

Тоа, како што нагласи, дополнително ќе го подобри економскиот и трговскиот баланс на државата.

Монтанте груп е една од првите три компании во Европа за производство на високо софистицирани амортизери за возови, шински возила, камиони и  автобуси, а нивната компанија во Македонија ќе функционира под името „Јуроп шок апсорберс“ и веќе е регистрирана. Мултинационалната италијанска компанија има 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top