Актуелниот шампион на Англија, лондонскиот тим Челси има сериозни проблеми во реализацијата во нападот и не е на нивото од минатата сезона кога супериорно ја освои премиерлигата.
Менаџерот на екипата, Жозе Мурињо се обиде со многу ротации во тимот да дојде до посакуваната форма и идеален состав, но тоа не вроди со плод. На последниот натпревар против Тотенхем тој се обиде да стигне до победата без класичен напаѓач, а „убиецот“ од минатата сезона Диего Коста го остави на клупата.
Тоа предизвика многу реакции во медиумите на островото и сомневања во јавноста дека Мурињо веќе се откажал од Коста и сака да го продаде веќе во јануари.
Дополнителен доказ за тоа е и инцидентот на Коста кога незадоволен од неиграњето во неделата го фрли маркерот врз Мурињо.
Како замена и освежување на комплетниот состав се спомнуваат три имиња со кои веќе е контактирано е на врвот на желби на „специјалниот“.
Французинот во редовите на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман игра уште една фантасична сезона, и покрај Челси за него се заинтересирани многу тимови од самиот врв на Европа. Откровението на првиот дел од сезоната во Англија, напаѓачот на Лестер Џејми Варди кој има повеќе голови постигнато од сите напаѓачи на Челси оваа сезона.
Третото и најтешко засилување би можело да биде Томас Милер бидејќи е многу тешко германскиот репрезентативец да се убеди да го напушти Баерн Минхен кој на неколку наврати истакна дека е задоволен во баварскиот гигант, но и во редот за неговите усуги стои Манчестер јунајтед кој веќе се обиде да го доведе во своите редови ова лето. За да ja добие битката со јунајтед Мурињо е подготвен да му даде на Милер плата од 180.000 фунти неделно, што сигурно ќе биде примамлива сума за овој офанзивен фудбалер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.