| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најсилните болки што човек може да ги издржи?

Некој поправа заби без анестезија, а друг паѓа во несвест при помислата дека треба да му вадат крв.

Болката донекаде е субјективно чувство, но има седум типови болка што ќе го натераат и најсилниот човек да плаче.

1.Оштетени нерви

Болката што доаѓа од нервите, а не од ткивата, е, обично, најсериозен вид болка, тврди професорот по анатомија Ален Басбаум. Овие болки доаѓаат во ненадејни бранови и многу се силни, а пациентите живеат во страв од следната епизода. На скалата од 1 до 10 тој ги оценува со 15!

2. Екстремни главоболки

Овие болки често се сметаат дека се посилни и од породилни болки, прострелни рани или скршеници. Околу 15 отсто од светската популација боледува од мигрена, а само 0,1 отсто од екстремни главоболки.

3. Камен во бубрег

Силна болка во грбот и околу него, која се шири по стомакот и ципите, мака, повраќање се составни делови од оваа состојба. За среќа, се лекува со многу течности и со операција.

4. Тригенална невралгија

Оваа состојба се опишува како најголема болка на светот и влијае на нервот што праќа порака од центарот во мозокот, а болниот има остра болка на лицето. Болката е многу силна и пациентите се сеќаваат на моментот и местото каде првпат ја почувстувале. Интензитетот на болката е многу силен.

5.  Изгореници

Изгорената кожа има постојана болка, која се зголемува кога таа ќе се растегне бидејќи се оштетени нервите под кожата.

6. Жолчна кеса

Ненадејна болка, која трае од еден до пет часа, придружена со повраќање и со треска, се води како напад на жолчната кеса. Симптомите се слични како камен во бубрег, но камењата во жолчката се направени од холестерол, а не од калциум.

7. Породување

Секој има различно искуство, но овој тип болка, обично, се користи како единица мерка за сите други болки. Предноста е во тоа што болката поминува кога ќе се роди бебето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top