Ако детето се жали на грчеви, болки во мускулите на рацете и нозете веројатно пати од болки поврзани со растот, велат стручните лица кои истакнуваат дека од тој проблем патат третина од децата од предучилишна возраст и оние кои одат во основно образование.
Болките не се појавуваат за време на физичката активност, туку за време на одмор, а тоа е најчесто навечер, во текот на ноќта.
Најчесто болките се во потколениците, колената и бутините, а зглобовите не се зафатени. Наутро болката исчезнува и детето може нормално да стане и да се движи.
Стручните лица не се сигурно што ги предизвикува болките кои се поврзани со растот. Една од теориите е дека растот предизвикува напнатост на густиот слој на ткивото кое се наоѓа околу коските. Втора можност е дека доаѓа до замор на коските поради растот.
Нема специфично лечење на болките, но понекогаш помага масажата, греење или ладење на болното место. Во ретки случаи се даваат средства против болка.
Ако детето се жали на постојана болка, родителите треба да консултираат доктор, бидејќи освен болки поврзани со растот, болките во рацете и нозете може да бидат предизвикани од сериозни болести како ревматизам или неоткриени скршени коски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.