| четврток, 6 декември 2018 |

Чајот од оваа билка ги ублажува ПМС болките, напнатоста и стравот

Чајот од валеријан го нормализира лачењето на надворешните хормони, помага за време на менструалните тегоби и го ублажува хроничниот умор, состојбите предизвикани од психички стрес, вклучувајќи го и стравот.

Валеријан е билката чиј корен ги ублажува чувството на напнатост и несоница и го подобрува квалитетот на сонот. Валеријанот ги ублажува и симптомите на депресија, епилепсија, хроничен умор како и состојби предизвикани од психолошкиот стрес, вклучувајќи главоболки, болки во желудникот и хипохондрија.

Голем плус е тоа што, за разлика од таблетите за смирување и антидепресивите, валеријанот не предизвикува никаква зависност, а кога го земате краткорочно, нема никакви штетни нус појави.
Лековитите способности на оваа билка се согледуваат и во тоа што има способност да го регулира менструалниот циклус, го намалува менструалното крварење, помага во лечењето на миоми и тумори на маткта и јајниците.

Исто така, ги ублажува тегобите од климаксот и менопаузата, го регулира крвниот притисок. Индијанците и кинезите ја јадат поради големите хранливи вредности. Оваа билка исто така многу ја ценеле за време на војните бидејќи брзо го сопира крварењето.

Брзо се бори со инфекциите кои се честопати причина за неплодност или онвозможуваат зачнување. Делува и кај астмата, кашлањето, бронхитисот, запаление на плуќата и инфекции на грлото. Може да се пие како чај или пак да се користи за испирање на грлото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top