Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х работеше на визуелните ефекти на хорор-комедијата „Морници” (Goosebumps) во соработка со MPC од Лондон.
Филмот со Џек Блек во режија на Дејвид Летерман ќе има своја премиера на 4 декември во киното „Синеплекс“.
– На филмот „Морници” имавме сериозен обем на работа, изработивме 412 кадри, на кои работеа 80 артисти, а кои се работеа од ноември 2014 година до јуни 2015 година, во соработка со нашиот клиент MPC од Лондон. Филмот е повеќе комедија отколку хорор, но ефектите ви даваат можност вашите деца да подрипнат од седиштето, сè е дел од забавата. Всушност, книгата според која е снимен овој филм, на некој начин, претставува вовед во жанрот хорор за деца и е далеку од реален хорор, а поблиску до добра забава – изјави косопственикот на македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, Кристијан Даниловски.
Tинејџерот Зак Купер (Dylan Minnette) nе многу одушевен од селидбата од Њујорк во малото гратче Медисон, каде што неговата мајка, вдовица, прифаќа работа како заменик директор во средното училиште, и се разведрува само откако се запознава со Хана (Odeya Rush), девојчето што живее со својот татко во соседната куќа.
Всушност, тоа е сè до моментот кога открива дека нејзиниот самотен татко, (Jack Black ) е познатиот автор на хорор-серијата „Морници“, господинот Стајн лично, кој му се заканува дека особено ќе му го загорчи животот доколку не се држи подалеку од неговата ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.