Очајниот старт на актуелниот европски кошаркарски шампион, Реал Мадрид, во новата сезона во Евролигата каде е закован на последното место во групата А, дополнително се соочува со голем проблем по повредата на првата ѕвезда во тимот, Руди Фернандез.
Шпанскиот репрезентативец го пропушти неделниот меч со Билбао, но хроничната повреда на грбот дополнително се влошила, па Руди сега ќе мора да паузира најмалку два месеци од кошаркарските терени.
– Реал Мадрид ќе мора да се снаоѓа без Руди Фернандез најверојатно до Кралскиот куп, што ќе се одржи од 18 до 21 февруари – објавија шпанските медиуми.
Фернандез веќе имаше две операции за оваа повреда, а доколку се реши да замине повторно под нож, не се исклучува можноста тој воопшто да не се врати на терените до крајот на сезонава.
Следното коло в четврток, Реал на домашен терен го пречекува лидерот Фенребахче и тоа е шанса со евентуална победа да дојде до место кое води во следната рунда на три кола до крајот од првата фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.