| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски екстремисти уапсени во Италија

italijanska policijaЧетворица со косовско потекло се приведени во антитерористичка акција извршена од полициите во Италија во соработка со косовските власти, пренесе АНСА. Тие се обвинети за ширење тероризам, расна омраза, а се осомничени дека биле дел од организација што ја промовира џихадистичката идеологија. За време на акцијата се извршени истовремени многубројни рации и проверки на имот во Бреша, Виченца и во Перуџа. Според италијански медиуми, тројца се приведени во Италија, а четвртиот, кој се смета за шеф на групата, е уапсен во Косово.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top