| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт го мина и Хјустон, останаа уште два тима до апсолутен рекорд

golden stejt

Актуелниот НБА шампион, тимот на Голден Стејт ноќеска ја забележа 19.победа од стартот на новата сезона и со вкупно 23 ако се смета и крајот на претходната, го минаа Хјустон на вечната листа по бројот на победи во низа. До патот на апсолутниот рекорд им остануваат екипите на Мајами кој има 27 победи во серија и Лејкерс со 33. Ако утре го победи Шарлот Хорнетс како гостин, Голден Стејт ќе го израмни апсолутниот рекорд во американскиот професионален спорт чиј сопственик е бејзбол тимот Сент Луис Марунс, датира од 1884 година и изнесува 20-0 на почетокот од една сезона.

Вориорс славеа на гостински терен против Јута со 106-103. Домашната екипа играше мотивирано против шампионот и на една минута до крајот имаа нерешено, но повторно Стеф Кари беше тој што им пресуди со тројка и го одведе својот тим до победа.
Кари постигна десет поени во последните шест минути од мечот, ја заврши средбата со 26 поени, а имаше соодветна помош од Томпсон и Грин, кои придонесоа со по 20 поени во овој триумф.

Интересно беше и во Чикаго, каде „биковите“ по голема битка го совладаа Сан Антонио спарс со 92-89. „Мамузите“ допатуваа на овој меч со серија од пет победи по ред, но немаа одговор за одличниот Пау Гасол, кој беше предводник на Чикаго со 18 поени, 13 скокови и 3 блокади.

НБА резултати:

Мајами – Бостон 95-105, Детроит – Хјустон 116-105, Атланта – Оклахома 106-100, Чикаго – Сан Антонио 92-89, Милвоки – Денвер 92-74, Јута – Голден стејт 103-106, Сакраменто – Далас 112-98, ЛА клиперс – Портланд 102-87.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top