| четврток, 6 декември 2018 |

Агресивна пропаганда на ИД во Индонезија

Портпаролот на индонезиската полиција денеска соопшти дека се уапсени тројца агитатори и организатори на групи за испраќање на жители од оваа држава, со претежно муслиманско население, на боиштата во Ирак и Сирија.

islamic_jihad_hamas_by_ashoura_-_Copy_1_thumb_medium500_283

 

Портпаролот Јулиус Абрахам рече дека безбедносните сили на Индонезија преземаат обемни акции за откривање на организаторите на групите, кои сѐ почесто поставуваат постери и знамиња за пропаганда на групата Исламска држава (ИД) во училиштата, на прометни места, дури и на ѕидови на зградите на локалната управа.

Индонезиската полиција изрази загриженост и поради агресивната кампања за пропагирање на идеите на ИД на видеообјави на социјалните мрежи, а за најголем дел од нив тврди дека се подготвувани во странство.

Најновите сознанија на полицијата во Индонезија се дека околу 1.500 граѓани на оваа 256 милионска држава се регистрирани дека биле или дека се учесници во борбите на страна на ИД. Тие што се вратиле, според полицијата, најчесто се обидуваат да регрутираат нови борци, а ги шират и идеите дека во Индонезија, Малезија и на југот на Филипините треба да се прогласат „калифати“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top