Страшно невреме ја погоди Британија. Во оваа земја е прогласен жолт степен на предупредување поради силни врнежи, ветер, снег и мраз, а ветерот дувал и до 70 километри на час.
Во исто време, југот на Шведска остана во темница. Повеќе од 10.000 луѓе останале без струја и вода поради невремето кое ја парализирало оваа земја.
Вчерашното невреме кое дојде од Данска е едно од најсилните што ја погодиле оваа земја во последните неколку години.
Силниот ветер кој корнел дрвја ја запре и пловидбата на патничките и на товарните бродови во Литванија, а во Летонија ги носеше крововите од куќите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.