Францускиот институт во Скопје во текот на оваа недела организира два културни настана во чест на големата Конференција на Обединтетите нации за климатски промени КОП21, којашто се одржува од 30 ноември до 11 декември во Париз.
В среда, 2 декември 2015, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи проекцијата на филмот „По дождот“ на македонската режисерка Билјана Гарванлиева.
Филмот прикажува четири жени од Македонија, кои се занимаваат со земјоделство и припаѓаат на различни возрасни групи, како и нивниот процес на приспособување на климатските промени.
Влезот е бесплатен.
В четврток, 3 декември 2015, во 19 часот во Францускиот институт во Скопје, ќе се одржи дебата насловена како „Заборавената врска помеѓу исхраната и климатските промени“.
Ќе учествуваат проф. д-р Ирина Младеновска, професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, Горан Ангеловски, претседател на Федерацијата на органски производители на Македонија, и Жарко Василевски, производител на органска храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Модна изложба „Новиот бран“ во Францунскиот институт во Скопје
-
„Младите и иновациите“-предавање и дебата во Француски институт во Скопје
-
Предавање на реномираниот француски професор Тјери Шопен во Скопје
-
Директорот на Францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер ја претстави програмата „Културни патеки-есен 2017“