| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивно збогување на Коби од кошарката: Ти дадов сѐ, имавме прекрасни моменти заедно, но време е за разделба (видео)

kobi brajant 1

Еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката, Коби Брајант, кого многумина го споредуваат и со најголемиот, Мајк Џордан, синоќа по натпреварот со Индијана, официјално објави дека на крајот од сезоната ќе ја заврши 20-годишната кариера како играч на ЛА Лејкерс. Од доаѓањето на големата сцена во 1996 година како 13 пик на драфтот и трејдот во кој од Шарлот во замена за Владе Дивац замина во Лејкерси, Брајант го привлече вниманието кон себе и испиша историја.
Тој преку емотивна порака кон својата најголема љубов, кошарката, ја информираше јавноста за неговата одлука да стави крај и да се раздели од спортот кој многу му даде.

„Драга кошарко,

Од моментот кога почнав од чорапите на татко ми да си правам мали топчиња и да шутирам замислени шутеви за победа во големиот формат, знаев само една работа – се заљубив во тебе. Љубовта е толку длабока па ти дадов сѐ, од мојот ум и тело до мојот дух и душа. Како шестгодишно момче кое длабоко се заљубило во тебе, никогаш не видов крај на тунелот, се гледав себеси само како трчам низ еден тунел. И така само трчав, трчав само право и поминував бројни пречки низ сите терени, ја бркав секоја загубена топка поради тебе. Бараше од мене енергичност, јас ти го дадов моето срце, бидејќи со него доаѓаат уште многу други работи.

Играв со многу пот и болка. Не затоа што имав предизвик, туку поради твојот повик. Правев сѐ за тебе, бидејќи тоа го правиш само поради оние кои се чувствуваш живо како што јас се чувствував поради тебе. Му даде на едно шестгодишно момче да го живее својот сон во Лејкерси. И поради тоа секогаш ќе те сакам. Но, не можам опсесивно да те сакам уште долго. Оваа сезона е сѐ што остана во мене. Моете срце може да прими уште удари, мојот ум може да издржи уште напори, но моете тело знае дека е време за збогум.

И тоа е ок. Подготвен сум да те напуштам. Сакам да го знаеш тоа, сакам да го знаеш тоа сега, сѐ со цел заедно да уживаме во сите заеднички моменти што ни преостанаа, и во добри и во лоши. Си дадовме еден на друг сѐ што имавме. И двајцата тоа го знаеме, без оглед што ќе правам понатаму. Секогаш ќе бидам она момче што си прави топчиња од чорапите на татка си, со канта ѓубре во ќошето, пет секунди до крајот и со топката во моите раце. 5…4…3…2…1. Засекогаш ќе те сакам.

Твојот верен, Коби“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top