Во МВР се работи врз основа на наредбите од јавниот обвинител на РМ. Истрагата е во тек, а првичното вештачење е завршено што се однесува на тоа дека хартијата на печатените материјали е фалсификат. Откриено е дека од тие 105 лични карти, на 90 луѓе им е украден иденетитетот. Се однесуваат за Куманово, Кичево, Штип, Гостивар, Скопје и итн.
Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прашањето на пратеникот Александар Николовски од ВМРО- ДПМНЕ во врска со фалсификуваните лични карти, повикувајќи се на пишувањата на неделникот „Фокус“, кога ќе заврши истрагата за да се тргне сомнежот во јавноста во однос на меѓу другото можни манипулации за изминатите и за потенцијални манипулации за следни избори.
-Врз основа на наредба на јавниот обвинител се вршат проверки во ДИК и во Завод за статистика, кои го имаат Избирачкиот список за да видиме дали тие воопшто биле употребени и дали се користени за некои други цели. Најважно од сѐ е да имаме квалитетна истрага која ќе даде одговор на прашањето кој ги фалсификувал овие лични карти, зошто ги фалсификувал, дали и за што биле употребени, по чија наредба биле правени. Тоа е добро не само за вас, туку за РМ за да видиме дали има некој што фалсификува лични карти или други некакви документи, со цел граѓаните да имаат сигурност во овој дел – рече Спасовски.
Посочувајќи дека истрагата е отворена, според Спасовски, прва и основна работа е дека ја води ЈО на РМ согласно со законските прописи, а не МВР. Тој подвлече дека било пријавено во МВР дека постои индиција за фалсификувани лични карти, поточно 105 примероци. Веднаш, информира Спасовски, пријавителот бил примен од директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски, кој не е променет, туку е истиот директор од претходниот министер за внатрешни работи, рече, а предметот е даден во Одделот за организиран криминал каде што началник е Зоран Глигоров, назначен од претходниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков.
– Очекувам енергично да се води истрагата и во однос на овој и на други процеси заедно со ЈО и очекувам да ги видам и началниците на оние оддели што ги споменав, оние што работат во овој дел, професионално да си ја завршат работатат. Имаше најава дека тоа може да се заврши во рок од пет дена од поранешниоот министер и тоа врз основа на резултатите од овие началници, кои и денес работат. Кога ќе биде завршена целосната истрага и ќе има резултати кој го направил, зошто и како, ќе биде информирана македонската јавност и на тој начин да се стави точка на тоа прашања – рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот