Холивудскиот актер Џони Деп потврди дека неговата 16-годишна ќерка Лили Роуз е бисексуалка. Актерот го призна тоа во интервју за весникот „Дејли мејл“, откривајќи дека за ова знаел долго пред таа да се приклучи на ЛГБТ заедницата (организација на лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци и транссексуалци), бидејќи двајцата се во многу блиски односи.
– Таа сѐ ми раскажува. Се гордеам со односите со мојата ќерка и целосно ѝ верувам, иако сум загрижен за нејзината иднина – изјави Џони Деп.
Лили Роуз Деп се приклучи на ЛГБТ заедницата во август 2015 година, кога се фотографираше во фото-проектот „Селф-евидент трутс“. Самата Роуз и до ден-денес не ја коментирала својата бисексуалност.
Во почетокот на април се случи првата официјална изјава на Лили Роуз Деп.
Заедно со мајка си Ванеса Паради, тоа се случи на презентацијата на модната колекција на „Шанел“ во Њујорк. Убавицата, која го наследила шармот и на двајцата родители, беше меѓу гледачите на шоуто на колекцијата наречена „Париз-Салцбург“. Тоа се одржа во зградата на културната фондација на Парк авенија. По шоуто, младата дама позираше пред фото-репортерите.
Во јули пак, Лили Роуз стана лице на „Шанел“. Освен тоа, стана јасно дека таа одлучила да го следи патот на својот татко и да се занимава со глума.
Ве потсетуваме дека Ванеса Паради и Џони Деп се разделија во јуни 2012 година, по 14 години заеднички живот, а во февруари 2015 г.актерот склучи брак со Амбер Херд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од солзите ништо не гледав: Актерот проговори за депресијата, разводот, зависноста
-
Што се случува со убавецот од Холивуд: Џони Деп изгледа ужасно, фановите загрижени (галерија) (видео)
-
Му ја бришевме дрогата од лице, а немавме за ручек – телохранителите го тужат Џони Деп
-
Тој ја истепа, таа му зеде 7 милиони долари и еве што направи со парите