| четврток, 6 декември 2018 |

Филаделфија продолжува да руши негативни рекорди, феноменални партии на Џорџ и Грифин (видео)

Синоќа во НБА лигата беа одиграни осум натпревари. Вечерта ја одбележаа новиот негативен рекорд на Филаделфија, феноменалните партии на Блејк Грифин и Пол Џорџ и објавата на Коби Брајант за повлекување од кошарката.

filadelfija

Крилниот центар на ЛА Клиперс, Блејк Грифин одигра одличен меч во победата на неговиот тим над Минесота од 107-99. Тој постигна 26 поени и беше на чекор до нов трипл-дабл во кариерата со осум скока и асистенции.

Пол Џорџ, пак, со 39 поени беше најефикасен играч на вечерта. Тој и ја донесе на Индијана 11.победа сезонава во победата над ЛА Лејкерс од 107-103. Првата ѕвезда на „езерџиите“ Коби Брајант повторно имаше лоша вечер шутирајќи со слаб процент од четири погодени удари од 20 обиди. По натпреварот „црната мамба“ објави дека се повлекува од кошарката, што ги шокираше сите љубители на спортот во светот.

Филаделфија загуби на гостувањето кај Мемфис Гризлис со 84-92 и го претрпеа 18.пораз во 18.меч во сезоната и вкупно 28, ако се смета крајот на регуларниот дел од минатата. Со тоа, кошаркарите на Филаделфија се израмни Бруклин Нетс кој пред шест години имаше идентичен старт и ако не сакаат да останат сами на оваа негативна листа, треба утре да ги победат Лејкерси на домашен терен.

Интересен натпревар се одигра во Њујорк каде гостите од Хјустон извојуваат победа по едно продолжение 111-116. Домаќините водеа во текот на целиот меч, а во последниот период од мечот имаа и предност од 14.поени. Во последната четвртина се разиграа „ракетите“ одигра феномелно и стигаа до продолжение. Во нив се играше израмнето се до тројката на Ариза на 74 секунди пред крајот по што, од линијата за слободни фрлања победата од 116-111 за Рокитси ја запечати Маркус Торнтон.

НБА Резулати: Бруклин – Детроит 87-83, Мемфис – Филаделфија 92-84, Орландо – Бостон 110-91, Торонто – Феникс 102-107, Њујорк – Хјустон 111-116, ЛА Лејкерс – Индијана 103-107, Шарлот – Милвоки 87-82
ЛА Клиперс – Минесота 107-99

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top