| четврток, 6 декември 2018 |

Нервозни пилоти, полемика на релација Атина – Анкара

nervni-piloti-razpaliha-polemika-atina-ankara-341547

Полемика на тема, нервозни пилоти, меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот турски колега Ахмет Давутоглу, на „Твитер“.

Шефот на кабинетот во Атина, на „Твитер“ на грчки и на англиски, турските пилоти што го урнаа рускиот воен авион Су-24 ги нарече, нервозни.
– Среќа, нашите пилоти не се толку нервозни, колку нивните турските колеги, во однос на Русите, напиша тој.
– Она што се случува во Егејско Море, е срамота и незамисливо. И двете страни трошат милијарди за оружје. Вие за да го нарушувате нашиот воздушен простор, а ние за да ве сопреме, истакна Ципрас во постот на „Твитер“, коментирајќи ги активностите на турските воздухопловни сили.
Притоа тој изрази надеж дека Атина и Анкара ќе ги фокусираат своите напори врз спасувањето на бегалците, а не врз вооружувањето на двете армии.
Премиерот на Грција потоа ги избриша постовите на англиски.
Давутоглу му одговори на „Твитер“ со следниве зборови: „Коментарите на Ципрас во врска со пилотите не се адекватни на денешниот дух. Алексис, ајде да се фокусираме на позитивниот дневен ред“.
Турскиот премиер сепак не ја избришал пораката, дополнува Интерфакс.
Вчера претставник на грчката армија соопшти дека активноста на турските воздухопловни сили е намалена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top