| четврток, 6 декември 2018 |

Самитот КОП21 низ бројки

­ parc_expo_bourget2_cle89e6c9Конференцијата за климатските промени, што од денеска до 11 декември ќе се одржува во Париз, не само што е најголем светски собир во период  во кој демнее опасност од тероризам, го одбележаа и протестите кои се случуваа на сите контитнети. Самитот посветен на климатските промени и глобалното затоплување не испраќа порака само како политички договор. И во организацијата се внимавало да бидат вклучени хибридни возила, јавен транспорт или електрични автомобили за сите учесници и тие што се на некој начин вклучени или поврзани со самитот. Следува самитот КОП21 низ бројки.

cop21-650-На денот на отворањето на конференцијата ќе присуствуваат над 150 шефови на држави и влади.

-На самата конференција ќе има 196 учесници ­195 земји плус Европската унија, со вкупно 10.000 претставници. ­

-Во Центарот за конференции, каде што се одржува собирот, присуствуваат претставници на околу 2.000 невладини организации со 14.000 делегати, а се поставени и 200 штандови во самиот Центар и 120 во просторот „Генерација клима“. ­

-Собирот го следат околу 3.000 акредитирани новинари. ­

-Илјадници постители ќе бидат пречекани во просторот Генерација клима. ­

Capture-d’écran-2015-01-29-à-13.33.10-Јавниот превоз е зголемен за дополнителни 70.000 места за време на конференцијата. ­

-Обезбеден е бесплатен превоз за сите учесници на конференцијата со метрото и регионалните возови, како и 70 хибридни автобуси. ­

-Воведени се шест автобуски линии, на секои две до 10 минути, од Париз и парискиот аеродромот до Центарот за конференции. ­

-За акредитираните учесници се обебзедени 200 електрични автомобили со возач. ­

-За организација на собирот се отворени 5.000 работни места. ­

-За безбедноста на учесниците на самитот се грижат околу 15.600 полицајци и жандарми, од кои 6.300 само во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top