Стотици илјади лица во светот повикаа синоќа на цврсти акции против глобалното затоплување, во пресрет на меѓународната конференција за климатските промени што денеска почнува во Париз. Над 570.000 луѓе учествуваа во 2.300 протести вчера за климата организирана во 175 држави, според оценки на организаторите – невладината организација Авааз.
– Испраќаме јасна порака за да кажеме дека сакаме договор. Зборови веќе не се доволни….целиот свет во еден глас бара акција, изјави Сам Барат еден од организаторите на кампањата за време на протестот во Лондон на кој имаше околу 50.000 луѓе. Дел од демонстрантите беа дојдени од Франција каде се забранети митинзи. Во Амстердам се собраа околу 7.000 луѓе, во Атина околу илјада, во Стокхолм околу четири илјади.
Околу 17.000 луѓе минаа низ улиците на Берлин во знак на поддршка за барањата, а во Мадрид имаше околу 20.000 луѓе. Во Сиднеј според организаторите имало околу 45 илјади кои носеле транспаренти – Немаме планета Б и Светска солидарност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)