| четврток, 6 декември 2018 |

Поради песна од Мајкл Џексон мајка го исфрлила детето низ прозорец (фото)

Анонимна 20 годишна мајка е фотографирана како својот син го држи исфрлен преку прозорец, а причината за овој бизарен потег била песната од Мајкл Џексон која во тој момент свирела на радио.

насловна мајкл

Таа сакала да ја имитира ситуацијата кога пејачот во 2002 година во берлински хотел го држел синот преку прозорец.

Случаен минувач ја фотографирал оваа сцена и ја споделил фотографијата на интернет.  Фотографијата ја видел и сопругот на жената која бил  шокиран од постапката на неговата жена за која вели дека е опседната со Мајкл Џексон, пишуваат странските медиуми.

дете

-Тоа што го сторив беше тешка глупост. Немам оправдување едноставно ми се случи „Мајкл Џексон момент“- објаснила мајката.

Поради неадекватно и непромислено однесување таа добила затворска казна од 16 недели, а исто така ќе мора месец дена да оди на рехабилитација под надзор на социјалните служби.

Screenshot_1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top