Последните неколку месеци Европа ја зафати студен бран, но како што наведуваат светските метеоролози се подготвува уште поголемо невреме.
НАСА ги објави снимките на Велика Британија на кои може да се види снежно невреме, а се предвидува дека доправ ќе има снежни врнежи пропатени со мраз. Светските метеоролози најавија дека Европа ќе се судри со силни ветришта но и со многу ниски температури.
Во Британија се забележан првите минус температури , а засега Шкотска е најзагрозена, каде снегот и ветерот оневозможуваат нормално функционирање.
Според прогнозите на метеоролозите зимата наскоро ќе ги покаже забите, а се очекуваат екстремно ниски температури во следниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.