| четврток, 6 декември 2018 |

Нико Розберг славеше на последната трка од Ф1 шампионатот

Германскиот возач во Формула 1 Нико Розберг со хек-трик ја заврши сезоната, откако триумфираше на последната трка возена на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби. Тој ја искористи пол-позицијата што ја освои вчера во квалификациите и заслужено дојде до триумфот по трет пат во последните три трки.
Со тоа го потврди второто место во генералниот пласман, а овојпат заврши пред својот тимски колега Луис Хамилтон, кој одамна ја осигура новата шампионска титула. Тимот на Мерцедес на најдобар начин, со „еден – два“ триумф ја затвори оваа сезона во „најбрзиот циркус“.

Третото место му припадна на Кими Раиконен, кој го обезбеди 80.подиум во својата кариера, додека Себастијан Фетел и покрај многуте проблеми, на крајот заврши како четвртопласиран на трката во Абу Даби. Зад него се најдоа Перез и Рикардо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top