Екипата на Милан во рамките од 14.коло во Серија А лигата ја растури Сампдорија со 4-1 на „Сан Сиро“. Стратегот на „росонерите“ Синиша Михајловиќ добро ја познава играта на противникот и постави одлична тактита не дозволувајќи никакво изненадување вечерва.
На спротивната страна, Бонавентура и Нианг им создаваа огромни проблеми на гостите, па така италијанскиот репрезентативец го постигна првиот гол, а потоа врз него беше направен и пеналот што Нианг го претвори во втор погодок за „росонерите“. Третиот погодок повторно беше дело на Нианг, додека на 4-0 зголеми Луиз Адријано кој одлично прими една топка во казнетиот простор на Сампдорија и веднаш биеше кон голот на Вивиано.
Гостите во самиот финиш го ублажија поразот со пеналот на Едер, откако Поли го фаулираше истиот фудбалер во шеснаесетникот на „росонерите“.
AC Milan vs Sampdoria 4-1 All Goals and… by alxrecords
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)