| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров, Чавков и Јолевски на терен кај јужната граница (Видео)

Вечерва на јужната граница се министрите Никола Тодоров, Митко Чавков и Зоран Јолевски кои што на терен се запознаа со состојбата откако денеска започна да се поставува жичана ограда, односно европски коридор за заштита и помош. Ситуацијата е стабилна и под контрола.


Координативното тело денеска одлучи на одредени места да подигне жичена ограда висока три метри со цел економските мигранти да се насочат кон прифатни пунктови и да се спречи нелегален влез во земјата.

-Хуманоста и безбедноста имат еднакво значење при донесувањето на оваа одлука. Особено по денешните немири на економските мигранти во кои има одреден број на повредени лица, истакна Тодоров.

Тодоров им се заблагодари на припадниците на АРМ за напорот кој денес го вложија за поставување на жичената ограда на државната граница.  Тие информираа дека денес ја реализирале задачата дадена од Генералштабот, односно комплетно поставување на огрдата со додатоците лево и десно од каменот 59 во должина од 3.200 метри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top