| четврток, 6 декември 2018 |

Карим Бензема ќе биде избришан од составот на Франција за ЕП 2016

karim benzema

Карим Бензема нема да настапи за Франција на ЕВРО 2016 дури и доколку биде ослободен од обвиненијата во судскиот процес против него. Ова го тврди тиражниот француски весник „Л’Екип“, повикувајќи се на извори од самиот врв на Француската Фудбалска Федерација.

На Бензема му се заканува затворска казна поради уценувањето на репрезентативниот колега Матиу Валбуена, a дури и доколку не биде прогласен за виновен, нарушената атмосфера и дисциплина во националниот тим ќе биде доволна причина за голгетерот на Реал Мадрид да биде отстранет од таборот на „триколорите“ за шампионатот што ќе се одржи токму во Франција. За ова бил известен и селекторот Дидие Дешамп, кој во следниот период ќе испробува најразлични опции во навалната линија, без Бензема во нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top