| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пораз на Вардар, Кјелце со цврста одбрана стигна до победата

Трет натпревар по ред во Лигата на шампионите каде македонскиот шампион Вардар не успева да дојде до победата. По двата несреќни порази од Барселона, избраниците на Раул Гонзалес потклекнаа во Полска против Кјеце со 23-20.

Vive Tauron Kielce vs HC Vardar Skopje

Полскиот тим со тоа му се реваншира на Вардар за високиот порааз во Скопје од 10 разлика. Отсуството на Карачиќ остави преголема трага врз играта на „вардарци“, кои не успеаја да се адаптираат на грубата игра во одбрана на полскиот првак. Промашените пенали и шутеви кога имаше играч повеќе во првото полувреме беа само најава за слабата партија на „црвено-црните“, кои по извонредниот старт на сезоната влегоа во „црна серија“ во елитното европско натпреварување.
Се лини првото полувреме го реши мечот откако Кјеце и покрај малкуте дадени голови успеа да стигне до четири голови позитива (10-6) пред се благодарејќи на гранината одбрана на ракометарите на Талант Дујшебаев. Во овој дел од играта домаќините заработија неколку исклучувања воедно и црвен картон за специјалистот во одбраната на Кјелце, Дариуш Кус, но тоа црвено-црните не го искористија и примија неколку лесни голови.

Vive Tauron Kielce vs HC Vardar Skopje

Во второто полувреме полскиот тим заигра побрзо во нападот и разликата почна да се зголемува и за само неколку минути имаше предност од седум голови со што висеше големата разлика на Вардар од првиот натпревар. Мислите на вардаци беа насочени токму на тоа, и како главен адут во нападот го најдоа Мијајло Марсениќ кој беше нерешлива енигма на пикерската позиција постигнувајќи пет гола од линијата од шест метри.
Вардар дојде на минус три (18-21) во 56. минута, меѓутоа тоа беше максимумот. Горбок повторно беше најпрецизен кај Вардар со шест гола, пред Марсениќ со пет и Дибиров со четири. Одлична партија имаше и Страхиња Милиќ на голот кој го одигра цел натпревар успевајќи да фати 14 топки. Најефикасни кај Кјелце во оваа победа беа Јурецки со пет и Чупиќ со четири погодоци.Вардар во следното коло, последно за оваа 2015 година, ќе го пречека тимот на Колдинг, од кого го претрпе првиот овосезонски пораз во Лигата на шампиони

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top