| четврток, 6 декември 2018 |

Во Косово уапсен екс лидерот на „Самопределување“

­ Косовската полиција попладнево во Приштина го уапси основачот и поранешен лидер на националистичката партија Самоопределување, Албин Курти, против кого беше издадена потерница за апсење.

kurti

 

Како што јави Танјуг, Курти бил уапсен во седиштето на Самоопределување, заедно со уште неколку лица кои се наоѓале со него во објектот.

Курти пристигна во седиштето на партијата, откако преходно говореше на собирот против формирањето на Заедницата на српски општини, што во Приштина го организираа трите најголеми опозициски партии во Косово.

Полиција најави дека ќе го уапси Курти „ако и се укаже можност“, но тоа не го стори за време на протестот, со образложение дека не сакала да предизвикаа ескалација на состојбата.

По апсењето на Курти, група членови на Самоопределување се упатија кон седиштето на Општина Приштина, но во тоа беа спречени од полицијата, која употребила и т.н. бибер­спреј. При инцидентот се приведени неколку членови на Самоопределување.

Претходно, во обраќањето на протестниот собир, Курти порача дека опозицијата нема да дозволи формирање на Заедницата на српски општини и повика на обединување на Косово со Албанија. ­

– Нема да дозволиме Србија да дојде на три километри од Приштина, нагласи Курти, додавајќи дека косовската Влада „наместо да работи на обединување со Албанија, го обединува Косово со Србија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top