| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков: За да биде министер во МВР, Спасовски треба да заборави на перцепцијата Генерален секретар на СДСМ

Целта на Спасовски е случајот со фалсификуваните личните карти да се поврзе со шпекулациите на некои медиуми, за претходните теми за фалсификување на избори, смета заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков во интервју за „Алфа“.

cavkov

Крајната цел, вели тој е компромитација на изборниот процес и тоа е агендата која се обработува, преку инструментализација на МВР.

-Дефинитивно случај за фалсификување на лична карта може да се реши за еден ден и да се извештачи. А од друга страна не е нешто што не е познато а се однесува на крадење на идентитет  и правење на фалсификувани лични документи, без разлика дали е тоа лична карта или патна исправа. Тоа е нешто што е константа во криминалното работење. Спорно е што однапред се прејудицира и се настојува да се поврзе случајот  на 103 лични карти, или колку и да се пријавени и да се доведе во релација со изборни нерегуларности, вели Чавков.

Ако треба да се направи истрага, истрагата треба да биде многу концизна, кратка и ефективна, вели Чавков.

-Да се одговори на прашањето за што се работи дали постои или не постои кривично дело, поврзано со вештачењето на личните карти, доколку се потврди дека личните карти се фалсификувани. Неспорно е дека се работи за груб фалсификат. Второ прашање на кое треба да се даде одговор е дали тие лични карти биле употребени во избирачкиот процес. И тоа е клучното прашање на кое МВР треба претходно да одговори, бидејќи доколку се потврди тоа, истрагата зема сосема друга димензија, вели Чавков.

Тезата дека овие лични карти, продолжува Чавков, биле користени во изборниот процес нема да се потврди, па сега се врти кон други елементи во рамки на истрагата. Доколку се употребени истрагата добива нова димензија а доколку не се употребени добива сосема различна димензија.

-Навистина треба кратко време за да се расчисти оваа дилема, за да не се остава во јавноста простор и да не се прават спинувања со однапред прејудицирања дека овие лични карти се поврзани со фалсификување на избори, вели Чавков.

Министерот Спасовски е генерален секретар на СДСМ, а Митко Чавков работи во МВР од 1986 година, вели заменик министерот.

-Јас сум ги поминал сите фази во професионалниот развој, од инспектор до директор тоа е професионалното ниво. Моето назначување за министер е веќе друга димензија но во суштина Митко Чавков има класична и успешна професионална кариера. Митко Чавков следел и следи, политики на владите, независно од која политичка структура биле раководени и независно која политичка структура била на власт, вели Чавков.

Јас на Спасовски, вели тој, му кажав дека перцепцијата за МВР од надвор и од внатре е различна.

-Конкретно за неговата перцепција од надвор како генерален секретар на СДСМ, тој ќе има проблем како да ја промени сопствената перцепција или како да се тргне од тезите како политичар претходно ги има искажувано  во јавноста. Случајот Куманово, сите сме сведоци дека во континуитет се доведуваа во прашање. Терористичкиот напад во Франција го обедини не само францускиот народ, туку ја обедини Европа и светот. Македонија во случајот Куманово беше нападната од екстремна терористичка структура од друга држава со логистика од насилни екстремисти во Македонија. Таквите закани во Македонија постојат во континуитет, од самото создавање до сега. И сега во моментов се уште постојат закани и вие да доведувате во прашање таква акција во која МВР на сосема законски и легитимен начин ја има претходно спроводно истрагата  и реализацијата на самата акција со која ние сме успеале да го заштитиме цивилното население. При спроведување на акцијата да не дозволите да биде повредено ниту едно цивилно лице тоа е голем успех, вели Чавков.

Со таа акција се тргна на страна заканата од терористичка акција, како и намерите и целите на таа терористичка организација која влегла во Македонија.

-Сите бевте сведоци со какво не тешко оружје настапија кон нашите полициски сили и мислам дека со тие тези не само што се нанесува штета на министерот за внатрешни работи, туку нанесуваат штета на Република Македонија, но ќе си нанесат штета и на самите нив како членови на политичка партија, заклучува Чавков.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top