| четврток, 6 декември 2018 |

Најлошото полувреме за Вардар во Лигата на шампионите оваа сезона

vardar-kielce-2

Во рамките од деветтото коло од Лигата на шампионите, Вардар му гостува на Кјелце во Полска. По првите 30 минути, избраниците на Раул Гонзалес губат со 10-6 и тоа воедно е најлошото прво полувреме што го одиграл „црвено-црниот“ состав.
Шпанскиот тренер мечот го започна со доста изменет состав, на голот е Страхиња Милиќ кој ги оправда очекувањата бидејќи да не беше тој со своите десет одбрани, вардаци ќе губеа и со повисока разлика.
Во нападот оди тешко затоа што интернационалниот состав на Кјелце игра доста грубо со многу исклучувања и неколку провокации. Доказ за тоа е и црвениот картон на Кус уште по првите 20 минути од натпреварот.
Голманот Шмал на спротивната страна и покрај четирите досудени пенали за Вардар успеа да фати три, и да ги откаже вардаровите ракометари.

vardar-kielce-5

По привот дел само Горбок и Дибириов постигнаа по два гола, а Шишкарев и Дујшебаев по еден.
Во второто полувреме се очекува побрза игра од македонскиот шампион за да може да ја разбие гранитната 6-0 одбрана на домаќинот.
Отсуството на Карачиќ од составот и тоа како се чувствува бидејќи нападот со Лука Циндриќ нема динамика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top