| четврток, 6 декември 2018 |

Шмал: Сеуште чувствуваме горчина од поразот во Скопје

Ракометарите на Кјеце сеуште ги боли големиот пораз од натпреварот во Скопје против Вардар од десет разлика, кога македонскиот шампион го декласираше полскиот тим со 34-24.
Тоа е само мотив повеќе за овој тим да одигра добро и да му се одмазди на Вардар на денешниот дуел, кој ќе биде еден од клучните за освојување на второто место во групата.

– Загубивме десет гола, таков пораз не се заборава така лесно. Тешко е да се проголта толкав неуспех, се уште чувствуваме горчина од тој меч, но убеден сум дека секој од нас ќе игра подобро отколку во Македонија. Не бркаме негатива од десет гола, најважно ќе биде да победиме, макар и со еден погодок – изјави голманот Славомир Шмал.

Полскиот првак ќе биде посилен за Урош Зорман, кој ќе превземе голем дел од одговорноста со оглед на фактот дека вториот среден бек во тимот, Полјакот Ткачик, нема да настапи поради повреда.

– Не ни треба дополнителна мотивација, двата бода и висок пласман е она за што се бориме. Вардар е добар тим, но очекувам со поддршка од нашите навивачи да одиграме одличен меч и на крајот заедно да се радуваме – оптимист е словенечкиот интернационалец во редовите на Кјелце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top