Тричлена државна комисија, по три децении вчера ги отвори сефовите во кои се чуваа личните работи на Јосип Броз Тито.
Содржината која е најдена во сефовите ќе остане тајна во следните десетина дена, додека не се утврди природата на најдените предмети. Со оглед на тоа дека 30 години никој не знаеше што има во нив, комисијата треба да одлучи дали станува збор за работи кои се лични или се сопственост на државата.
Во една од вреќит со предмети имало и список од тоа што било запечатено цели три децении.
Според некои тврдења, во вреќите имало вредни слики од времето на српските кралски династии, според други пак, тие биле полни со злато, накит и пари од последните плати на Тито и неговите авторски хонорари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.