| четврток, 6 декември 2018 |

Коцките се склопуваат, Македонија се поблиску до ОИ во Рио 2016 година

Rakomet Makedonija Grcija 13 (Custom)

Уште еден чекор поблиску е македонската ракометна репрезентација до Олимписките игри во Рио 2016 година. Еден од условите беше да репрезентацијата на Катар го освои азиското првенство што заврши синоќа.
Катар во финалето славеше убедливо над Иран од 28-19 и се пласираше директно на ОИ во Рио. Со тоа го остапи местото на еден од трите квалификациски турнири, кое го заработи со пласманот во финалето на Светското првенство 2015 година, на домашен терен.
Со победата на Катар во финалето на Азиското првенство најмногу доби Словенија која беше осмопласирана на СП 2015, а за да добие и Македонија шанса да игра на квалификациските турнири за Рио, ќе мора престојното Европското првенство во Полска во јанури да го освои една од репрезентациите кои се пласираа пред Македонија во Катар (Франција, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска, или Германија), тогаш и Македонија како деветта од тој Мундијал ќе избори место во една од трите квалификациски групи за ОИ.
Веќе се знае и кои би биле противниците на Македонија. Тоа е Чиле, како третопласирана репрезентација од Јужна Америка, Полска, или Шпанија, како и вицешампионот од првенството на Африка, кое исто така се одржува на почетокот на 2016 година.
Друга важна работа е тоа што, според правилата на ИХФ, прва има право да го организира овој турнир репрезентацијата на Чиле. Меѓутоа, од практични причини ИХФ овој турнир ќе го додели на африканскиот претставник, или на една од европските земји, што ѝ дава голема шанса и на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top