Македонските граѓани од сите градови во земјава што сакаат да го пречекаат Јохан Тарчуловски на аеродромот „Александар Велики“ денеска ќе имаат на располагање 250 автобуси, информираат од Здружението за поддршка на Јохан.
Педесет автобуси во 13 часот ќе тргнат од паркингот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а уште 200 ќе бидат распоредени низ градовите во земјава. Превозот за сите заинтересирани е бесплатен.
Од аеродромот, автобусите ќе ги пренесат граѓаните до плоштадот „Македонија“, каде што е организирана голема прослава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)