
Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно донесе одлука да се одржи Програмски конгрес на СДСМ, соопштија
од партијата. Програмскиот конгрес на СДСМ ќе се одржи на 13 декември.
Овој конгрес, како што се посочува во соопштението од СДСМ, е отворен за заинтересираните експерти и претставници на граѓанскиот сектор кои сакаат да дадат придонес во новата Програма за граѓаните и за Република Македонија.
СДСМ ја повикува стручната и граѓанската јавност да се вклучи во заокржувањето на новата Програма на СДСМ. Конгресот на СДСМ ќе усвои Програма што ќе биде преточена во Изборна програма на партијата и на граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


