Најтиражниот таблоид на Островот, “Сан”, ја пласираше сензационалната информација дека сопствениците на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, подготвиле неморална понуда за најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Манчестер Сити.
Таблоидот тврди дека аргентинскиот интернационалец веќе бил информиран дека доколку ја прифати понудата за преселба на “Итихат”, ќе си обезбедел рекордна неделна плата од 800 илјади фунти.
Сепак, освен за годишните примања, Манчестер Сити ќе мора да одвои сериозна парична сума и за обештетувањето на најдобриот фудбалер на каталонскиот гигант.
Потребната дозвола за промена на клупската средина, Меси ќе ја добие само доколку официјалната понуда на Манчестер Сити за неговите услуги не биде помала од 250 мил. евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.