| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит: Јас сум земјоделец, а не глумец

bred pit
Во интервју за швајцарскиот весник „Матен“, холивудскиот глумец Бред Пит зборува за својата љубов кон француското село и тешкото совладување на францускиот јазик.

Пред неколку години, тој и неговата сопруга Анџелина Џоли купија голем имот со виногради на југот на Франција.

-Животот на имотот во Прованса секогаш е најпријатниот дел од годината. Јас сум всушност земјоделец, а не глумец, изјави Пит.

Овој „селанец во душа“ се надева дека наскоро ќе може да води конверзација на француски јазик.

-Дајте ми уште една година и ќе одговарам на вашите прашања на француски кога следниот пат ќе дојдам во Швајцарија. Тоа го велам, а веќе поминаа пет години откако јас и Енџи им ветивме на децата дека ќе научиме француски, вели глумецот, чии деца одамна го совладаа францускиот.

Tреба да ги видите кога разговараат меѓу себе. Тоа не излудува, бидејќи не разбираме секогаш што зборуваат. Мадокс зборува течно француски и англиски, а учи и кмерски, руски и германски, додава Бред.

Љубовта која актерскиот пар ја има кон Франција се гледа во нивното најново остварување „Покрај морето“, за пар кој поминува низ брачна криза патувајќи низ Франција во текот на 1970-тите години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top