Тренерот на Милан, Србинот Синиша Михајловиќ изјавува дека неговиот тим има квалитет за едно од првите три места на табелата на крајот од сезоната во Серија А лигата кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
– По поразот од Наполи имаме серија во која во просек освојувавме по два бода од секој натпревар. Убеден сум дека можеме да продолжиме во овој ритам и на крајот да стигнеме до едно од местата кои водат во Лигата на шампионите. По завршувањето на првиот дел од сезоната, нѐ очекува директен дуел со конкурентите за пласман и сигурен сум дека мжеме да бидеме успешни – вели Синиша Михајловиќ.
Фудбалерите на Милан се наоѓаат на седмото место на табелата во италијанскиот шампиоат со 20 освоени бода, односно осум помалку од третопласираната Фиорентина и десет зад лидерот Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.