| четврток, 6 декември 2018 |

Заев признава дека јавноста беше излажана: Случувањата во Куманово се терористички акт, нема политички мотивации (видео)

zaev kumanovoПо повеќе од шест месеци од акцијата во Диво Насеље во Куманово, лидерот на СДСМ Зоран Заев призна дека се работи акција против терористи, а не за наместена акција, како што тврдеа тој и неговите сопартијци. Заев конечно призна дека тој и целата негова партија манипулирала со граѓаните на Македонија за акцијата на МВР. Заев и СДСМ тогаш тврдеа дека акцијата е местенка на македонските власти иако во неа загинаа 8 припадници на безбедносните сили. Заев сега трагичните настани ги споредува со терористичките напади во Париз.

-Случувањата во Куманово се исто така терористички акт, како што го видовме во Париз. Секако во помал обем, таму загинаа осум припадници на безбедносните сили на Македонија и 10 терористи. Беа уапсени повеќе од 30 терористи, беа повредени 40 полицајци. Што се случи, еден дел од тие луѓе кои што влегоа во центарот на Куманово, вториот по големина град во Македонија, се луѓе повратници од Сирија. Луѓе кои што се бореле таму. Веројатно се повратници и тие луѓе што направија терористички акти во Париз, или дејствуваа во рускиот авион. Ова го кажувам затоа што има поврзаност и во двете прашања – објаснува сега Заев .

Тој додава дека овие терористи со муслиманска вероисповест во Куманово дошле надевајќи се дека ќе добијат поддршка од граѓаните Албанци што живеат во Куманово, дека ќе се солидаризираат со нив на начин како во 2001 година и дека ќе предизвикаат конфликт од голем размер. Според него граѓаните и Македонци и Албанци на 9-ти ина 10-ти мај покажаа солидарност и единство.

-Навистина и според мене и според мнозинството граѓани, ова е терористички акт на криминално бандитска група која што  исклучиво заради свои цели влезе овде да, буквално, уништува животи. Секако дополнителна потврда дека целите не биле да се предизвика конфликт, односно конфликт како во 2001, дека биле поддржани од домашни структури во делот на албанското население, само по себе е потврда на однесувањето на граѓаните Албанци во Куманово. Заедно сите во таа мултиетничка населба, Диво Насеље застанаа заедно помагајќи се да го заштитат цивилното население. Затоа не може никој да каже дека постојат политички мотивации од било кој карактер кој што биле причина на терористичка група да влезе во Македонија. Секако радикализмот кој што постои е присутен поради личното однесување на поединци. Зборувам за радикализам кој што го гледаме кај ИСИС, ИД, но за жал и на други места во светот- оценува Заев.

zaev alb znmameСегашните зборови и оценки на Заев се уште едно признавање за лагите кои ги ширеше сите овие месеци. Преку медиумите финансирани од СОРОС, а кои ја поддржуваат СДСМ, се ширеа невистини за акцијата во Диво Насеље. Се ширеа шпекулации за наводна „фингирана“ престрелка, за жртвување на животи само наводно за да се спречел големиот партиски митинг.

 

libertas za kumanovoМеѓу написите од тие медиуми се вели дека „Граѓаните и медиумите ја препознаа намерата да се втурне Македонија во нова безбедносна криза со сеење омраза и леење крв помеѓу заедниците. Пропагандната машинерија на Владата целосно потфрли во спинувањето на фактите и криењето на вистините за кумановската полициска акција… Најголемо потфрлување имаше владината пропаганда која што не успеа да разгори меѓуетнички оган и единствено поттикна гнев, а потоа и исмевање кај граѓаните“. Дури и претседателскиот кандидат на СДСМ, човекот кој сака да се прикаже како непартиски, Стево Пендаровски, низ регионот ги ширеше штетните манипулации дека „Инцидентот во куманово е фабрикуван од власта“, нагласувајќи конкретно „од партијата на премиерот Никола Груевски“.

stevo penda za kumanovoСледбениците на Заев, пак, како претседателот на општинскиот Совет на Куманово Максим Димитриевски, повикуваше на одговорност на МВР и на Владата.


Заев на митингот кој следеше, се обрати пред знамињата на Голема Албанија, пред симболите на 113-тата косовска бригада Исмет Јашари чии членови сега ги нарекува терористи, истите тие луѓе кои ја предводеа терористичката група во Куманово. protest500Командантот Мухамед Красниќи алијас командант Малишева и заменик командантот на 113 – та косовска бригада Сами Ушкини беа уапсени во полициската акција во Куманово. И двајцата блиски соработници на Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, членови на паравоени формации се залагаат за формирање Голема Албанија.

protest1-500За потсетување, на ваквата кореографија претходеше и посетата на Заев, заедно со сегашниот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на Диво Насеље ден по акцијата на безбедносните сили. Додека Македонија жалеше по загинатите синови, голтајќи информации за состојбата на повредените полицајци, Заев и Спасовски се сликаа насмеани со подигнати два прста со крвавата сценографија во заднина. Дури има фотографии и со жители на населбата кои ја поддржуваа терористичката група.

oliver_kumanovo1Спасовски, актуелниот технички министер, тогаш преку социјалните мрежи меѓу другото посочи дека „…Ние сме единствени и како никогаш до сега одлучни да ја исправиме нашата држава на вистинскиот пат и ваквите сценарија никогаш повеќе да не се повторат. Денеска во тоа повторно се уверив НИКОЈ не може да застане меѓу овој сплотен народ решен да живее во мир и во една нормална, демократска држава“ – напиша на Фејсбук Спасовски на денот на посетата на кумановската населба „Диво насеље“.

Ваквите ставови и ова признавање кои сега ги изразува Заев, се уште потрагични, бидејќи ниту Заев, ниту партискиот секретар Спасовски, не најдоа време да ги посетат повредените полицајци- учесници во акцијата во „Диво Насеље“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top